Радио Милева морска „кучка“...

Животни лекции: Ноне влезе во светот на кучките, за подобро да ги препознае „кучките“ околу себе?! (ФОТО)

Животни лекции: Ноне влезе во светот на кучките, за подобро да ги препознае „кучките“ околу себе?! (ФОТО)

Некогашната македонска поп ѕвезда,  Нона Неделковска одново „јава“ на  океанските бранови, работејќи на големите прекуокеански крузери. Последната дестинација на која беше закотвена шармантната велешанка беше Јамајка… За неа некогаш „ветената земја“ или поточно земјата на „ветената љубов“ од која останаа само спомени.

Откако одново тргна да плови по „големата бара“, Ноне времето на големиот крузер го минува работно, сега веќе како една од „шефиците“ во својата дејност. Можеби затоа има и повеќе слободно време, кое кога си на голем брод со месеци на море, сепак не ти дава многу опции за избор, на тоа како ќе ги потрошиш слободните минути!

Бродската забава веројатно и е нешто „веќе видено“, по сите овие години веројатно оддамна ја има „изгустирано“, па затоа Ноне сега решила слободните часови да  ги посвети на релаксација со книгата.

Изборот на четивото за многумина можеби чуден, но за оние што добро ја познаваат, сосема логичен. Македонската морепловка се фотографирала со книга во рацете која носи необичен наслов во слободен превод: „Биди повеќе (од) кучка“… И тука оние неупатените веднаш ќе реагираат, дека Ноне баш и не им личи на оние, чиј карактер може да се поистовети со „бесна кучка“… Единствено ако и самата не решила да влезе во светот на кучките…? Што најверојатно и има допирни точки со вистината, зашто поднасловот на нејзиното книжевно четиво вели:  „Ако вашето куче не сака некого, веројатно и вие не треба“!  Поента од содржината на книгата што почнала да ја чита, од која некогашната пејачка би требало да ги извлече –  „Животните лекции од нашите кучешки пријатели“ – како што вели поднасловот!

Познато е дека Ноне е голем љубител на животните, дома во родната куќа во Велес чува и маче и куче, а нејзината пудлица Луси има третман на многу повеќе од само обичен домашен миленик, туку на неа гледаат како на полноправен член на семејството.

Е сега, која и каква „кучка“  Ноне ќе препознае во книгата што почнала да ја чита, ќе се држи ли до правилото да ги избегнува оние што нејзината Луси ги лае и дали воопште ќе успее да извлече животни лекции од нејзината кучешка домапшна пријателка, останува да видиме кога екс пејачката триковите од книгата ќе ги примени во практика!

Дотогаш, Ноне сериозно решила да навлезе во светот на кучките… За подобро да ги препознае „кучките“ околу себе!?

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska

 

To top