Радио Милева

Животна драма на ангелот на „Викторија Сикрет“: Жизел Бундшен призна дека сакала да се самоубие

Животна драма на ангелот на „Викторија Сикрет“: Жизел Бундшен призна дека сакала да се самоубие

Една од најубавите и најбогатите манекенки во светот, Жижел Бундшен откри детали од тешкиот период од својот живот, па призна дека размислувала да се самоубие.

Во својата книга „Лекција: Мојот пат кон замислениот живот“, отворено прозбори за борбата со анксиозноста и клаустрофобијата.

„Од надвор работите може да изгледаат совршено, но никогаш не знаете како некој се чувствува одвнатре. Сакам да зборувам за проблемите. И покрај се што ми се случи, не би менувала ништо, бидејќи искуството ме промени, изјави манекенката.

Таа откри дека во 2003 година првпат имала напад на паника, но дека боледува од анксиозност и клаустрофобија.


„Тогаш мојата кариера беше на врвот, приватниот живот ми беше совршен, но се чувствував беспомошно. Еден ден кога бев сама, помислив “кога би скокнала од тераса се ова ќе помине и никогаш нема да се чувствувам грозно“, изјави манекенката.

Жижел на социјалните мрежи често споделува мудри мисли и покажува како медитира.

 

View this post on Instagram

 

The most special visit on set! ❤️ A visita mais especial no set!

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on

To top