Александра Пријовиќ е една од најпопуларните пејачки на овие простори, а со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Александра живее во прекрасната вила Бежанијска коса. Семејството Живојиновиќ ја продале семејната куќа за околу половина милион евра непосредно пред да добијат наследник, а тие потоа ја реновирале и ја украсиле својата оаза на мирот по свој вкус.
Куќата на Александра и Филип е во близина на вилата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, а кога е во прашање ентериерот, тие се погрижија и за најситните детали и финеси, со оглед на тоа дека аранжманот траеше и во периодот кога пејачката се породи.
Внатрешноста на семејниот дом е во нежни тонови, а секој детаљ е посебен на свој начин и одлично се вклопува со останатиот дел од просторијата. Едно од омилените катчиња во куќата на Александра, се чини, е просторијата во која има огромно огледало пред кое често се фотографира кога е дотерана пред настап или излегување.
Дефинитивно посебен детал во дневната соба е белото пијано, украсено со фигурини на бел ангел и бели цветови, а покрај Александра и Филип, во ова катче ужива и малиот Александар.
View this post on Instagram
Пејачката сака да се релаксира на големата тераса, која гледа кон дворот и нуди прекрасен поглед, а во една прилика ја сликавме како зборува на телефон и пие кафе на тераса.
Кога станува збор за дворот, тој не се гледа од улица, па семејството има приватност додека ужива со наследникот, семејството и пријателите.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Пинк.рс