Радио Милева вистински рај за девојчиња

Ѕирнете во детското катче во домот на Наташа Беквалац: Вака изгледа собата на нејзината помала ќерка Катја

Ѕирнете во детското катче во домот на Наташа Беквалац: Вака изгледа собата на нејзината помала ќерка Катја

Наташа Беквалац неодамна го реновира својот стан од подот до таванот и создаде беж бајка во која ужива со своите девојки Хана и Катја.

Сега секој има посебно катче, но ако им се верува на фотографиите од Инстаграм на поп ѕвездата, Катја може да се пофали дека нејзината соба е најубава.

Наташа објави сторија каде јасно може да се види како изгледа катчето на нејзината помала ќерка, додека таа безгрижно си игра со своите миленици.

Исто така, има голем кревет, бело биро (подготовките за почеток на училиште следната година се добро во тек), омилени играчки, тапети со разиграни апликации, завеси од кои едната е бела и проѕирна, а другата во нежно светло розова боја Слики со интересни натписи, еден балон од неодамнешна роденденска прослава.

Да потсетиме, во неодамнешното гостување на ТВ Курир кај Иван Гајиќ, пејачката призна дека е исклучително среќна и дека Хана и Катја засекогаш и го исполниле срцето и повеќе не планира да се мажи.

Фото: Принтскрин/Немања Николиќ/Инстаграм/Н.Беклавац

 

To top