Француската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ретко се појавува во јавноста, па сега сите ги изненади со својот изглед.
Иако сме навикнати да го гледаме беспрекорно избричен и дотеран во костум, сега популарниот Зи-Зу одлучил малку да го промени својот стил на облекување и комплетниот имиџ.
Имено, на една од последните фотографија кои ги објавил на социјалните мрежи може да се види дека Зидан е облечен кежуал, пуштил малку брада, носи дипотриски очила и каскет. Оваа промена на стилот привлече внимание кај неговите фанови кои оставаа различни коментари под фотографијата.
Инаку Зидан неодамна имаше понуда да стане најплатен тренер во историјата на фудбалот, но ја одби понудата од Ал Наср чии богати сопственици беа подготвени да му исплатат неверојатни 150 милиони евра за двегодишен договор.