Жика Николиќ, водителот на популарната „Жикина шареница“, зборуваше зошто луѓето се заситуваат од врските и браковите, па стапуваат во тајна врска.
Тој не ги откри причините, но кажа што му се случило нему.
Ми се случи на врата да ме дочека мојата жена со нејзиниот љубовник, па ме скрши! – рече и објасни дека токму неговата поранешна сопруга одлучила да го напушти нивниот брак, но да остане во заедничкиот стан.
„Таа го закачила резето на вратата со својот љубовник, а кога заѕвонив, тие не го тргнаа синџирчето, туку ме дочекаа со тупаница во носот. Тогаш многу се налутив, да ги сретнав на улица, и на пешачки премин да поминуваа, ќе ги згазев. Фала му на Бога, гневот бргу ми помина“ – раскажал водителот.