Продуцентот и водителот на „Никога не е доцна“, Жика Јакшиќ е позитивен на коронавирус.
Имено, Жика прво направи тест преку крвта кој покажа дека е негативен. Меѓутоа, потоа Јакшиќ направи PCR тест кој покажа дека водителот е позитивен на Ковид 19.
По тој повод се огласи и Жика.
„Драги мои пријатели, поради избегнување на било каква заблуда, сакам да ве известам дека во четврток направив тест преку крвта кој покажа дека сум негативен, а истата вечер направив PCR тест и во петок наутро ги добив резултатите кои покажуваат слаби знаци на вирусот. Поради сомнежите не отидов на снимање туку заминав во државната клинка и повторно го направив PCR тестот, а вечерва ќе ги добијам официјалните резултати. Јас се чувствувам одлично и немам никавиви здравствени проблеми и се надевам дека нема да ги имаат и оние кои беа во контакт со мене овие денови. Иако вирусот доста ослабе ви препорачувам да направите тест поради ваша сигурност и сигурност на вашите најблиски“ напиша Жика на Инстаграм.
Потсетуваме, Жика Јакшиќ се тестираше откако е потврдено дека Цеца и Вељко се позитивни на корона, а тој беше на забавата кај нив по повод раѓањето на Жељко.