Екипата на емисијата „Премиера викенд специјал“ отиде во Житораѓа, родното место на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Таму го поминала детството, а талентот за музика го покажала веќе на 5-годишна возраст.
Веќе на влезот во ова мало место, екипата на споменатата емисија разговараше со нејзините соседи.
– Од мали нозе беше амбициозна… Сега со години е најголема ѕвезда. Таа владее со шоуто. Нека ѝ е со среќа, таа е гордоста на нашето место, рече еден сосед.
– Цеца им помага на сите… нејзините родители се одлични луѓе, добро семејство, а таа е и прекрасна баба!
Камерата ја снимила и нејзината семејна куќа која ја реновирала, па сега изгледа како замок од американските филмови.
Учела во основното училиште Топлички херои, а тамошните наставници до ден денес ја паметат како среќна, насмеана, ведра девојка која постојано пеела. Таа се истакна и во спортските активности.
Да потсетиме, од ова гратче на југот на Србија, покрај Цеца е и Александра Младеновиќ, која неодамна помина низ агонија поради своето поранешно момче.
фото:Премиера викенд специјал/Пинк ТВ/АТА Имиџис