Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза одлучи на Инстаграм на нејзините кратки приказни кои редовно ги полни, да сподели спомен стар 16 години.
Хелена која заедно со сопругот и со нејзините деца живее и работи во Нов Зеланд, не престана да биде актуелна во Македонија, земјата од каде што потекнува, иако веќе одамна ја нема на малите екрани.
Некогашниот македонски модел сега е во контакт со родната земја преку социјалните мрежи, а овој пат реши да ги потсети на минатото.
Таа сега им го привлече вниманието на следбениците и ги воодушеви со нејзиниот изглед од пред 16 години, каде позира како модел, во клечечка поза со заводлив поглед, облечена во кратки тексас шорцеви, тесна провидна маичка, а стајлингот го коплетирала со црвени потпетици.
Така згодната и привлечна Хелена Роза, со провокативната стара фотографија успеа повторно да предизвика возбуда кај посилниот пол.
Инаку, Хелена неодамна го прослави роденденот на нејзината наследничка Кјара и по тој повод сподели нивни заеднички приватни фотографии.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Хелена Роза