Популарната пејачка Теа Таировиќ го закажа нејзиниот прв голем концерт во Белград на Ташмајдан и по тој повод ги поканила новинарите да сподели и со нив. На прес-конференција таа откри дека е доста нервозна пред концертот кој ќе се одржи на 17 јуни.
– Сега размислувам како ќе изгледа се, сигурно многу ќе личи на мене, и на се што сум направила досега и што ќе направам во новиот албум. Енергијата е најважна меѓу мене и публиката, тие сигурно не доаѓаат за ефектите, скаламерите, туку за мене. Имам нервоза, ќе дадам сто проценти од себе – возбудено истакнала Теа Таировиќ.
Пејачката по тој повод се појавила во многу елегантна комбинација.
Иако сме навикнати на настапи да ја гледаме во провокативни комбинации, Теа за оваа прилика одлучила да биде малку поелегантна.
Taa одбра интересна јакна и панталони. A, zлатниот костум, панталоните и сакото под кои носеше црна деколтирана блуза беа комбинација со која ги воодушеви сите присутнити, додека на нејзините нозе носеше црни сандали од скап и познат бренд.
Фото:Принтскрин/Инстгарам/Tea Tairovic.live