Водителката Јована Јоксимовиќ е една од најстилските дами од српската јавна сцена, сè што носи одлично и стои, но сега посебно внимание привлече еден детаљ што таа го покажа. Имено, голема прашина на социјалната мрежа Инстаграм крена фотографијата на која во преден план е скапиот часовник „Ролекс“ на Јована Јоксимовиќ.
Откако дознаа дека водителката посветува големо внимание на деталите, обожавателите на познатата дама не беа особено изненадени кога видоа луксузен додаток на нејзината рака, но имаше и такви кои веруваа дека цената за часовникот на Јована Јоксимовиќ е превисока, а полемика на таа тема започна со брзина на светлината.
Станува збор за часовник „Ролекс“, модел „Датејуст“ изработен во комбинација од челик и жолто злато, чија цена изнесува вртоглави 14 илјади евра. Рамката на часовникот е назабена, а бројчаникот е сребрен со дијамантски маркери за час.
Водителката се одлучи за нараквица од остриги, а иако имаше и такви кои изразија мислење дека потрошила огромна сума пари на овој моден додаток, повеќето се согласија дека го направила вистинскиот потег, дека часовникот на Јована Јоксимовиќ е олицетворение на елеганцијата, а дека на нејзината рака свети, а не беа исклучени ниту коментарите дека е подарок од сопругот Жељко.
фото:Инстаграм принтскрин