Актерот Крис Прат, кој кон почетокот на месец јуни се ожени со ќерката на Арнолд Шварценегер, привлече внимание кај јавноста со својата најнова објава на Инстаграм.
Имено, тој на социјалната мрежа објави фотографија на која позира гол, при што се гледа колку многу поцрвенел од сончање на медениот месец.
Судејќи од виденото, Крис многу изгорел од сонцето. Фановите беа шокирани и го „затрупаа“ со коментари.
„Ме боли за тебе“ – му напиша еден обожавател. Фотографијата ја коментираше и актеркат Гвинет Палтроу.
„Имам нешто за тоа“, напиша Палтроу и се понуди да му помогне.