Атрактивниот турски актер кој во турската серија „Азра“ ја игра главната машка улога Џенк, Апл Навруз, претходно македонските љубитли на турски серии го гледаа во „Ќерките на Фазилет“ како Синан Егемен.
Шармантниот Алп има 30 години, завршил турски јазик и литература, но судбината за него имала други планови. Поради неговиот атрактивен изглед, тој брзо стана интересен за модните агенти, па затоа своевремено снимаше реклами и ги шеташе модните писти, а потоа беше забележан од ТВ продуцентите, па улогите во серии беа неизбежни за него. Во 2016 година ја добива првата телевизиска улога.
Алп е роден 1990 година, а честопати ги краси насловните страници на модните магазини. Во јавноста не е познато каков е неговиот љубовен статус, бидејќи тоа вешто го сокрива.
– Проблемот е во тоа што сум прибирлив и има многу работи што ме оттргнуваат кај девојките – затоа сум сам, рече Алп, кој додаде дека му пречи многу кога девојката ја презем иницијативата и прва му пристапува, затоа не ја смета за можен партнер.
Но, она што моногу сака да го покажува е своето атлетско разголено тело од многуте фотографии на својот Инсатграм профил каде го следат милион ипол обожаватели, меѓу кои секако најголемиот број се припаднички од понежниот пол.
Дел од неговите провокативни и секси фотографии се мерак за женските очи, а ги гледате во продолжение:
фото:алпнавруз/инсатграм