Љубовниот живот на победничката на третата сезона на „Задруга“, Ива Гргуриќ отсекогаш ја заинтригирал јавноста и привлекувал големо внимание, особено во последните денови кога се проширија тврдења дека инфлуенсерката Дуња Јованиќ го киднапирала нејзиното момче, богат бизнисмен од Црна Гора.
Сепак, се чини дека маките на Ива по него не траеја долго и дека таа повторно е среќна во љубовта.
Имено, таа на социјалната мрежа Инстаграм одговараше на бројни прашања на своите фанови, а најголемо внимание привлече потврдата на Ива дека повторно е заљубена, а објави и слика од нејзиното момче како се бакнува.
Но, тоа не е се. Обожавателите на Ива прашаа и дали таа некогаш би била со помлад маж, на што таа рече дека помладо е послатко. Времето ќе покаже дали овој одговор покажува дека нејзиниот партнер е помлад од неа или само дала општ одговор.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ива Гргуриќ