Манекенката Бела Хадид е позната како жена која сака да се фотографира во оскудна гардероба и провокативни изданија, но се чини дека сега отишла предалеку. Нејзината страница на Инстаграм одвреме – навреме изгледа како страница за возрасни, но убавата бринета очигледно нема проблем со тоа. Можеби затоа не е ни чудо што зад себе има речиси 34 милиони следбеници!
Неодамна таа беше дел од спектакуларното шоу на брендот Savage X Fenty на Ријана, каде се појави во многу провокативен садо-мазо комплет од црна провидна тантела и исто таква долна облека, која ја надополни со жартиери и црни чизми и црни ракавици до под пазуви од латекс.
Фотографиите од ова свое еротско издание Бела ги сподели на Инстаграм, а тие ја запалија оваа мрежа – моделот навистинаизгледа неодоливо привлечно.
Малку подоцна, славната 23-годишна убавица објави секси видео во кое заводливо се врцка и го истакнува своето деколте и неверојатно тенкиот струк.
Видеото го лајкуваа повеќе од милион и пол луѓе за само 24 часа, а следбениците ја „полавија“ со комплименти, но покуси не останаа и некои од познатите:
„Омажи се за мене“, и рече Клои Кардашијан, додека геј моделот Паркер Кит Хил и напиша: „Сега сум хетеросексуалец“.
Патем, интересно е што минатата година Бела беше прогласена од научната заедница за жена со најубаво лице на светот, односно онаа што според познатата теорија за златниот сооднос има најсовршено лице.
По сите мерења, таа убедливо го зазеде првото место со резултат 94, 35 проценти.