Пејачката Едита Арадиновиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, а по тој повод облече тесен фустан во тиркизна боја и огнено црвени чизми со голема потпетица. Но, сепак, нешто друго падна во очи.
Имено, Едита за време на емисијата во неколку наврати ги држеше скрстени нозете, а бидејќи фустанот што го избра за оваа вечер беше прекраток, цело време се покажуваа гаќичките на пејачката. Всушност долната облека беше бела, па не беше тешко да се забележи.
Арадиновиќ во неколку наврати истакна дека напорно работи и на гласот и на телото, а во оваа прилика покажа и колку е убава. Сите гледаа во нејзините нозе, но веруваме дека изборот на долна облека најмногу ја скокотка фантазијата со љубопитните погледи.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Едита Арадиновиќ/Часлав Вукојичиќ