Радио Милева ја фатил на трик...

Жешки сцени помеѓу Милица Павловиќ и Милош Тимотијевиќ: Актерот на измама „ја залапал“ пејачката? (ВИДЕО)

Жешки сцени помеѓу Милица Павловиќ и Милош Тимотијевиќ: Актерот на измама „ја залапал“ пејачката?  (ВИДЕО)

Милица Павловиќ и Милош Тимотијевиќ брзо станаа омилена љубовна двојка од домашните серии.Тие двајца заедно работеа на продукцијата на „Певачица“ и народот брзо се навикна на тоа дека „двајцата се заедно“.Многу се пишуваше за тоа како Милица реагирала на нешто послободните сцени со Тимотијевиќ, а дека уживала во овој проект актерката покажала уште еднаш кога објавила видео од нејзината размена на нежности со актерот.

„Каква е тоа енергија  кога јас и Милош Тимотијевиќ ќе се споиме на снимање.Го гледам овој клип низ прсти и не знаете колку ми е срам“ – напишала Милица.

Иако, се разбира, сето тоа е само глума, Милица Павловиќ во една прилика изјавила дека Тимотијевиќ ја бакнал фаќајќи ја на финта, а актерот потоа детално објаснил како се случила таа сцена.

„Тоа што со измама ја бакнав Милица е нејзино толкување на настанот. Не ја обвинувам за тоа бидејќи од нејзина перспектива веројатно изгледаше така. Не ја измамив! Милица не разбира како функционира актерскиот бизнис и не сфаќаа дека треба да се случи и тоа што не пишува во сценариото. Кога директорот рече: „Можеби треба да се бакнувате овде“, таа малку се испаничи. Се обидовме, но таа едноставно не можеше…Кога ќе дојдеше тој момент, таа ќе се блокираше. Не е професионалец и ја разбирам. Отидов кај режисерот и им реков: „Заборавете на сè, сега одете таму и кажете ѝ дека нема да има бакнеж“. Ме прашаа: „Па што ќе правиш?“. „Само кажете ѝ така“, им реков. Кога и го кажаа тоа, таа се опушти, почнавме да ја снимаме сцената и јас само одненадеж ја бакнав. И тоа беше тоа. Тоа е трик, но не е измама. После тоа врескаше и беше страшно непријатно. Имавме два, три бакнежи и после секој врескаше дека и е непријатно“ – изјавил Тимотијевиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Фото: Инстаграм принтскрин/ senoritamilica

To top