Радио Милева спортска женска...

Жешката секс бомба од креветот на светскиот првак во Формула 1, се пресели во постела кај бекот на првакот во Лигата на шампиони: Од Хамилтон кај Чилвел (ФОТО)

Жешката секс бомба од креветот на светскиот првак во Формула 1, се пресели во постела кај бекот на првакот во Лигата на шампиони: Од Хамилтон кај Чилвел (ФОТО)

Манекенката Камила Кендра, која се забавуваше со поранешниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се „прешалтала“ во креветот на фудбалерот на Челзи, Бен Чилвел (24), јавуваат медиумите на Островот.

Аферата осамна откако на социјалните мрежи таа објави фотографии од куќа, која многумина ја препознаваат како домот на Чилвел, кој е англиски државјанин. Тој и ги лајкуваше  фотографиите и тргнаа гласините.

Двајцата се’ уште официјално ја немаат објавено својата врска, но фановите веќе ја одобрија и напишаа дека се совршени еден за друг.

Потсетуваме, убавицата пред неколку месеци на ист начин ја откри врската со Луис Хамилтон – со фотографија од неговиот дом, по што двајцата поминаа осум месеци заедно. Меѓутоа, поради честите патувања на Британецот и неговата желба често да менува партнерки, врската меѓу нив заврши неславно.

Можеби манекенката со бекот на Челзи и англиската репрезентација ќе и тргне во љубовта?!

Фото: Инстаграм принтскрин/camila.kendra/louis_hamilton18/benchilwell

To top