Пензионираниот модел Алесандра Амброзио (38) беше „уловена“ од папараците во минијатурно бикини на бразилската песочна плажа во Флоријанополис.
Една од најубавите Бразилки уживаше во сончање, пливање и спортски активности на плажа.
Сепак, бикинито на ангелот на „Викторија Сикрет“ беше она што го привлече вниманието, бидејќи откриваше повеќе.
Сите оние што беа на плажа и остатокот од светот уживаа во глетката, благодарение на папараците.
Потсетуваме, манекенката откри дека влегла во новата година со своето момче, италијанскиот дизајнер Николас Оди, на една од плажите во Бразил, а неколку дена претходно објави фотографија на која позира во негова прегратка.