Радио Милева
задруга 2

Зерина Хечо заради Јелена Круниќ доживеа нервен слом, па полугола трчаше низ дворот и врескаше (ВИДЕО)

Зерина Хечо заради Јелена Круниќ доживеа нервен слом, па полугола трчаше низ дворот и врескаше (ВИДЕО)

Зерина Хечо раскина со Бане Чолак, бидејќи за време на забавата тој наводно постојано гледал во Јелена Круниќ.

Зерина доживеа блага форма на  нервен слом во дворот, додека Бане ја убедуваше дека не ја гледал Јелена. Кавгата се случила во раните утрински часови, а Зерина толку врескала што обезбедувањето ги избркало од куќата, додека другите колеги испоскокале од креветите.

– Ме срамиш тука, пијана сум заради тебе, ти си мртов за мене! – врескала Зерина на цел глас.

– Жено, во мојот живот постоиш само ти, што ти е? –  Бане неуспешно се обидел да ја смири.

– Дали е тоа она што го мислам?! Кажи ми, си умислувам ли?! Не сум малоумна, како можеше?! Те видов! Бранислав, јас не сум ниту луда ниту љубоморна. Видов дека се гледате под око со Јелена Круниќ, не си играјте! Видов како го гледаш нејзиниот танц на шанкот! Три лица ми го потврдија ова! Што правиш од мене?! – гласно викала Зерина.

Смири се, си умислуваш! Зошто да бидам со тебе ако сакам да го направам тоа? Јас не направив ништо, си влегла во филм. Зерина, ти се колнам! – Чолак се обиде со овие зборови да ја убеди, но без успех.

Погледнете го видеото:

Останати вести од Радио Милева