Нова тепачка во реалното шоу „Задруга 4“. Риалити двојката Паула Хублин и Фран Пујас најпрвин жестоко се скараа околу храната, по што расправијата прерасна во физичка пресметка во која посилниот пол окрка прописен женски ќотек.
Имено, Паула му рече дека повеќе не сака и нема да има заеднички буџет со него, на што Фран бурно реагираше и фрли со предмет од покуќнината кон неа:
„Тоа ти мене ме гаѓааш?!“- викна Паула.
„Не те гаѓав, само го фрлив. Еве ти, скржавице, удави се“ – и возврати Фран.
„Што глумиш, те прашувам“, викна Паула па се стрча кон него и најпрвин го фати за врат, па му удири силна шлаканица на Фран. Потоа одново го нападна дури и кога тој се повлече во бањата без да и возврати, каде одново доби неколку жестоки женски шлаканици. Обезбедувањето мораше да интервенира во неколку наврати за да ја смири Паула, која лутито го пцуеше Фран.
Погледнете како сето тоа изгледаше во видеото во продолжение: