Принцот Хари го посети островот Фрасер во рамките на 16 дневната австралиска турнеја каде го дочекаа многубројни воодушевени обожаватели.
Додека Хари ги извршуваше своите кралски должности, од толпата се слушнало „Ау еве го, позгоден е во живо!“
At McKenzies Jetty The Duke of Sussex met Rangers to learn more about the work involved in the preservation of Fraser Island (K’gari). #RoyalVisitAustralia pic.twitter.com/quYrXmFWfk
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) October 22, 2018
Потоа се слушнал друг глас кој се согласил со тврдењето „Се согласувам“, се слушнало потоа, пишува News.com.au, а Хари на тоа се зацрвенил. Пота и тој додал: Ќе го сфатам тоа како комплимент“, со што дополнително ги импресионираше присутните.
Комплиментот наводно му го кажала 72 годишната Мали Кларк.
Today The Duke of Sussex unveiled The @QueensCanopy dedication for the Forests of Fraser Island (K’gari). #RoyalVisitAustralia pic.twitter.com/EUjwGDJ4xm
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) October 22, 2018
-Не знаев што зборувам, кога се појави знам дека помислив дека е многу згоден во живо.
Инаку, Хари тој ден се појавил без Меган, но само на дел од турнејата бидејќи внимава на бременоста.