Радио Милева
раскошна

Жена свесна за нејзиниот изглед и убавина: Моника Белучи објави фотографија без градник (фото)

Жена свесна за нејзиниот изглед и убавина: Моника Белучи објави фотографија без градник (фото)

Позирајќи за германскиот магазин „Madame“ Моника Белучи ги покажа своите обилни природните гради, позирајќи во проѕирен горен дел со светки.

Моника Белучи го привлече вниманието со своите фотографии кои се појавија на насловната страница на германскиот магазин „Madame “. Во нив актерката е облечена само во проѕирна маица со светки и црни панталони. Под маицата не носи градник, па нејзините бујни и природни гради дојдоа до израз.

Моника е една од ретките актерки која се труди да старее што поприродно. Иако има пристап до најдобрите третмани за нега на лице и тело, таа не претерува и не е опседната со подмладување, а тоа го потврди велејќи: „Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква сум. И сакам да остарам мирно. Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби Како кога имаш 20 години. Се менуваш. Кога ќе дојде бебе во твојот живот, првото нешто што го гледаш е таа. Ние сме на второ место. Тоа ни дава поинаква перспектива“, рече таа.

Дека приоритет ѝ дала на ќерката Дева сведочат сите нејзини ангажмани, каде верно ја следи Моника, која ја прекина кариерата и им се посвети на ќерките.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева