Радио Милева

Жена лисица: Лила се огласи по написите дека не носи гаќички (фото)

Жена лисица: Лила се огласи по написите дека не носи гаќички (фото)

Кога си долго време во светот на шоу-бизнисот стануваш искусен лисец, во случајот лисица. Имено, кога станува збор за добра и влијателна реклама и промоција, Лила Филиповска и тоа како знае добро да го изведе.

Пред неколку месеци направи бум во домашните медиуми кога на раката стави веренички прстен со објаснување дека добила понуда за трет брак.

Иако никогаш не потврди дека тоа е вистина, само ја начна приказната која беше доволна за медиумски шпекулации дека се мажи, а прстенот си доби реклама.

Деновиве пак, повторно вешто истото го направи со парфем  кој сакаше да го потенцира, па се фотографираше со кренати нозе на домашната софа, како што наедно е амбалажата од шишенцето на „скандалозниот“ парфем.


Навидум на фотографијата изгледаше дека таа не носи гаќички, па веднаш осамнаа насловите во какво издание е .

Вака или така, целта е постигната, а Лила сосема свесна за тоа на кусите Инстаграм приказни откри дека носела боди со висок струк кое направи визуелна илузија за окото на следбениците и медиумите.

-Облечи се вака и ќе те има по сите портали, напиша Лила во описот на фотографијата каде го покажа целосното издание од актиелниот ултра секси изглед.

фото:инстаграм

To top