Радио Милева

Земјотресот во Загреб сруши дел од куќата на познатата водителка (фото)

Земјотресот во Загреб сруши дел од куќата на познатата водителка (фото)

Загеб вчера беше погден од земјотрес со јачина од 5.5 степени по Рихтер, а од потресот оштетена е и куќата на водителката Николина Пишек и Видоја Ристовиќ.
Утрото за време на потресот, семејството спиело во вилата во Загреб.

„Тие живеат во Горни Град, штом слушнале дека нешто се случува и дека се паѓа околу нив, веднаш истрчале на улица. Кога излегле, имало што да видат. Скоро се околу нив било разурнато и луѓето во пижами биле излезени на улиците. Во тој момент виделе како еден дел од куќата се урнал, но за среќа никој од членовите на семејството не е повреден“, рекол извор близок до семејството.


Николина на Инстаграм објави дека нејзиното семејство е добро а дека настанатата штета ќе се надомести.

To top