Емотивна врска со професионален спотрист бара бројни одрекувања. Партнерките често ги следат низ светот прилагодувајќи се на густиот професионален распоред. Никол Шерцингер е позната пејачка која има бројни обврски и снимања, но сепак успева да се прилагоди на ритамот на бугарскиот тенисер Григор Димитров.
-Тенисот ме кочи во се. Тешко е да имаш пријатели и девојка. Пријателите можам да ги избројам на една рака. Не можам ништо да планирам, вели Димитров кој моментално е 19-ти тенисер на светот, а откри и каков ултиматум и поставил на 13 години постарата Никол.
View this post on Instagram
-Понекогаш со Никол не се слушам со денови, бидејќи двајцата сме посветени на работата. И кажав дека тенисот за мене е на прво место и тоа може да го прифати или да се откаже. И прифати, вели тенисерот Димитров кој порано истакна колку пејачката е посветена во врската.
View this post on Instagram
-Не е лесно. Двајцата патуваме и имаме густи распореди. Но Никол е подобра од мене, кога е во прашање компромис и отстапки. Таа секогаш ќе најде начин да дојде каде што сум јас, ја пофали неодамна тенисерот својата сакана.