Радио Милева

Жељко Јосмимовиќ отвара телевизија, но Јована Јоксимовиќ нема да биде водителка – ова е причината

Жељко Јосмимовиќ отвара телевизија, но Јована Јоксимовиќ нема да биде водителка – ова е причината

Жељко Јоксимовиќ отвара три нови кабловски телевизии, пренесува курир.рс

На неговата телевизија водителки ќе бидат Маја Николиќ и Наташа Миљковиќ, но не и сопругата Јована Јоксимовиќ која ќе остане да биде водителка на Прва српска телевизија.

Регулаторното тело за електронски медиуми на 4 јуни издало дозвола за кабловска телевизија за три канали – К1 студио, Стајл Фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии припаѓаат на фирмата „Минакорд медиа“, која Јоксимовиќ ја формирал на 17 мај оваа година.

фото: Принтскрин

Според пишувањата на Курир, Стајл Фајл ќе биде наменета за деца, ТВ ДР ќе биде емисија за здравство, а К1 ќе биде музичка емисија.

„Никој не знае од каде Жељко доби желба да отвори телевизија. Малку не изненади бидејќи станува збор за сериозен проект кој бара многу пари, но и  време. Голем е предизвик одеднаш да отвори три телевизии. Веќе слушнав дека ангажираше некои луѓе кои се повеќе време во таа работа, како што е Мања Грчиќ, некогашната директорка на Прва телевизија. Таа веројатно кај Жељко ќе ја работи истата работа“ вели извор.

фото: Промо

Јована Јокисмовиќ поради договорот со Прва, нема да работи на телевизиите кај сопругот.

„Засега е сигурно дека Маја и Наташа ќе работат кај Жељко. Поради тоа дадоа отказ на Прва, бидејќи им се допаѓа понуда на Јоксимовиќ. Веројатно сите очекуваат дека Јована и Срѓан ќе работат кај Жељко, но тоа нема да биде така поради договорот со Прва и не може да го прекинат договорот поради пеналите кои мора да ги платат“ вели изворот.

фото: Дамир Дервишагиќ

Пријател на Жељко вели дека телевизиите ќе започнат со емитување на есен.

„Тоа е се во фаза на подготовка, но бргу се работи на тоа. Седиштето на телевизијата ќе биде во центарот на Белград каде што и неговото музичко студио, но бргу ќе биде пронајдена зграда каде ќе се наоѓаат телевизиите“ вели близок пријател на Жељко.

To top