Радио Милева К1 ТВ - семејство

Жељко Јоксимовиќ во време на коронакризата: „Во моментов се занимавам со „надеж“, се убедувам себеси дека не можам да престанам да верувам“ (ФОТО)

Жељко Јоксимовиќ во време на коронакризата: „Во моментов се занимавам со „надеж“, се убедувам себеси дека не можам да престанам да верувам“ (ФОТО)

Жељко Јоксимовиќ зборуваше за тоа како се справува со пандемијата на коронавирусот, што имаше влијание врз музичката индустрија, а со тоа и врз неговото семејство – сопругата и наследниците. Пејачот вели дека првенствено се обидува да размислува позитивно.

„Се подготвувам за нормалноста што сигурно ќе дојде. Се обидувам да бидам трпелив, да не лелекам, особено затоа што се соочуваме со толку многу болни, мртви луѓе и да најдам сила и верба во сето ова што ќе можеме повторно да му се радуваме заедно. Значи, би можел да кажам дека се занимавам со надеж“ – изјави популарниот музичар во интервју за „Дневни аваз“.

На прашањето како ментално ги доживува промените што се случија во март 2020 година поради короната, тој одговори:

„Па, како што реков. Се убедувам себеси дека не можам да престанам да верувам. И, се обидувам да ги разберам оние што не веруваат. Фала му на Бога, имам семејство, како прибежиште, пријатели, како поддршка и сопствена тврдоглавост што не ми дозволува ниту да мислам дека можеме да бидеме поразени. Тоа не доаѓа предвид“ – категоричен е Јоксимовиќ.

 

Тој е татко на четири деца – ќерките Мина, Ана и Срна и синот Коста, па беше запрашан колку е загрижен за правецот во кој оди светот и човештвото.

„Доволно за да бидам мотивиран да  се обидам да го сменам тој свет, колку што можам. Затоа, меѓу другото, отворив телевизија. Да менувам“ – искрен е пејачот.

Иако многу брачни парови не сакаат да ги мешаат и комбинираат работата и приватниот живот, тоа не е случај со Жељко и неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ, која сега работи на неговата телевизија „К1“.

„Започнавме како тим, и продолжуваме како тим. Затоа, дури и кога не ги правиме истите работи, ги живееме заедно, зборуваме за нив, ги доживуваме, се поддржуваме едни со други. Значи, во суштина, ништо не се сменило“ – вели Жељко. Јоксимовиќ додаде дека е задоволен од тоа како го перцепираат луѓето од телевизискиот свет, како човек од музичката сцена.

„Засега, оди добро. Целата оваа приказна е, на многу начини, семејство, луѓето што се во неа ја доживуваат така и во сето тоа, јас не сум ништо повеќе од обичен член на семејството. И точно е дека одлучувам за многу работи, но исто така се обидувам да го правам тоа како што се прави во семејството. Седнуваме и се консултираме, се договараме. И се работи, затоа што имам одличен тим и Мања Грчиќ кој го води. Мислам дека нема такви професионалци како неа, барем не кај нас“ – рече на крајот Јоксимовиќ.

To top