Познатиот музичар откри дека иако со сопругата вредно работат и заработуваат, кога ќе дојде крајот на месецот не се разликуваат многу од обичните семејства во Србија.
Иако ретко зборува за својот приватен живот, Жељко сега прозбори за финасиската состојба во семејството и на што ја учи ќерката Мина.
„Во нашата држава не е доблест да заработувате. Како може да му замерите на некој бизнисмен, композитор или на било која индивидуа што заработува, а работи 15 часа дневно? Оставете го да заработи. Не, кај нас тоа не е доблест“ изјави Јоксимовиќ во „Магазин ин“ и додава:
„Мене не ми е срам да и кажам на Мина: Заработи и троши на себе. Мојата професија и таква што секој кој знае може добро да заработи. Но, јас и Јована сме таков пар што на крајот на месецот сме близу до тоа да делиме лук. Толку многу работиме, но и имаме и големи трошоци. Ја советувам ќерка ми да работи и да троши. Не, само да троши. Секогаш и велам да се снајде како да заработи за да има како да троши“ изјави пејачот.