Радио Милева

Жељко Јоксимовиќ: Евровизија повторно? Не благодарам!

Жељко Јоксимовиќ: Евровизија повторно? Не благодарам!

Познатиот српски пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ отсекогаш бил дирректен и коректен со изјавите кон медиумите.

Тој деновиве ја забавуваше публиката на лесковачка „Роштилијада“, а кога новинарите го прашаа дели повторно би настапил на Евровизија, тој се замислил, па кажал:

-Никогаш повеќе како изведувач, па тоа е наместено, зарем не?

Потоа го повторил она што го кажа пред шест години, по враќањето од Азербејџан, каде беше третопласиран со песната „Није љубав ствар“. Претходно беше учесник во 2004 со песната „Лане моје“.

Тој уште трипари индиректно беше учесник, кога за Хари Мата Хари ја напиша „Лејла“, потоа за Јелена Томашевиќ, „Оро“, како и за црногорските претставници во 2015 со песната „Адио“ која го освои 13-то место.

To top