Фронтменот на „Дивље јагоде“, Сеад Зеле Липовача, сними гитарска преработка на познатата народна песна „Македонско девојче“. Зеле покрај изведбата на оваа инструментална преработка, сам го направи и новиот аранжман.
Токму оваа македонска песна е прва на списокот на оние што ќе се најдат на новиот соло-албум на основачот на „Дивље јагоде“. Во неговиот препознатлив стил, а истовремено емотивен и искрен, баш на начинот на кој треба да се пристапи кон обработката на традиционалните мелодии, Зеле уште еднаш совршено ги комбинираше ориенталниот звук на македонското поднебје и звукот на гитарата. Работниот наслов на новиот албум е „You Are the Wind and I’m the Flame“ и ќе излезе оваа есен. Оваа е негов трет соло албум по последниот албум од 2016 година, „Internal Waves of Love“.
Уникатната изведба на песната „Македонско девојче“ не можеше да помине без македонските синови, славните музички браќа Гаро и Диран Тавитјан на тапани и синтисајзер, а на кавал е Александар Јовевски. За песната беше претставено и визуелно уметничко видео, додека официјалното видео наскоро ќе го види светлото на денот и ќе се снима во Скопје.
Извор: Музика24.мк