Радио Милева Копнеж

Желбата за мајчинство никогаш не ја напушти: Нина Бадриќ проговори за посвојување

Желбата за мајчинство никогаш не ја напушти: Нина Бадриќ проговори за посвојување

Кога би требало да именува една работа по која копнее, а која не успеала да ја постигне и со годините и е се’ потешко да ја постигне таа цел, Нина Бадриќ би го именувала мајчинството. Желбата да стане мајка и да воспитува дете во согласност со сопствените вредности никогаш не ја напуштила, дури и кога неодамна наполни 50 години.

Свесна дека биолошкиот часовник отчукува и дека шансите природно да добие наследник или наследничка се помали, хрватската поп дива неодамна почна да размислува за посвојување.

– Мислам дека секоја жена има силна желба за мајчинство, но кога ќе помине некое време почнуваш поинаку да гледаш на тој исконски нагон. Би сакала да посвојам дете бидејќи мислам дека можам многу да дадам на тоа мало суштество. Сепак, човек мора да биде многу сериозен и одговорен за таквата одлука. Од друга страна, никогаш не знаете што носи животот. Познавам мајки кои беа изненадени од мајчинството во доцните години, кога веќе мислеа дека такво искуство никогаш повеќе не може да им се случи – изјави Нина, а потоа додаде.

– Од друга страна, нема смисла многу да кршиш глава и да плачеш за нешто што го немаш. Животот е чудо, можеби се’ се случува одеднаш, немам поим, би сакала да можам сама да си пресметам – изјавила таа.

фото:Инстаграм/принтскрин

To top