Мегафон

Здружението „Храбро срце“ втора година по ред го одбележува 13 Август – светскиот ден на органодарителството

Здружението „Храбро срце“ втора година по ред го одбележува 13 Август – светскиот ден на органодарителството

Ирена Р. Најдевска, поддржувач на Здружението „Храбро срце“ е организаторот на овој настан на кој беа поделени едукативни флаери со цел граѓаните да се информираат за донирање органи по завршувањето на нечиј живот. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за потребата и важноста од донирање органи, како и да им се даде поддршка на сите пациенти кои се на листата за трансплантација.

Претседателот на „Храбро срце“ – Васко Јолески изрази голема благодарност до Акад. Жан Митрев и до проф. д-р Сашко Јовев, кои се всушност водилка во овој процес што во моментов се развива во нашата земја кои ни испратија видеопорака за кампањата за подигнување на свеста кај народот за донирање органи.

На настанот беа присутни доктори кои им даваат поддршка на овие пациенти и тоа: Кардиолошки завод Св. Стефан Охрид (д-р Елена Башуроска, д-р Слаѓана Тупаре, д-р Виолета Мојсова, д-р Ѓорѓи Нестороски), потоа претставници од Општа болница Охрид и директорот на болницата во Струга, д-р Арменд Арслани.

Од здружението „Храбро срце“ упатуваат благодарност до спонзорите на овој настан: Пункт мебел и Бебе Хоум од Скопје, кафетерија Тераса Аквариус Охрид, Кожувчанка ДОО и Фризерско студио SKILL – Охрид како и до несебичната поддршка од активистите на Црвен крст – Охрид кои и годинава како и лани учествуваат во одбележувањето на овој настан, како и на активистот Гордана Лолеска од Охрид од Здружението на ретките болести.

To top