Фудбалерот Душко Тошиќ е позитивен на коронавирус и здравствената состојба му е лоша, пишуваат српските медиуми.
Тошиќ има тежок облик на воспаление на белите дробови, пренесува „Hello“.
Душко и Јелена не се огласија по повод овие пишувања.
Нема информација кога и каде се заразил, ниту пак има информација дали е хоспитализиран.За потсетување, Душко неодамна се најде во центарот на вниманието по написите дека неговата сопруга Јелена Карлеуша на Божиќ го пријавила за насилство.
фото: ата имагес