Здравко Чолиќ пред некој ден одржа спектакуларен концерт во сала во Ниш.
Девојки, односно негови фанови кои биле на концертот прославувале моминска вечер.
По тој повод, Чолиќ во интервју за „Премиера“ откри како изгледала ноќта пред да се заколне на вечна љубов на својата сопруга, но откри детали и за свадбата.
„Јас некако не сум перфекциониста, не се грижам многу за тоа. Кога беше ергенската вечер, тоа помина другарски, незабележително. Дури направив и интимна свадба во Нови Сад, така да тоа беше интимна свадба, не беше свадба каква што сакаат луѓето да прават“ вели Чолиќ во емисијата „Примиера – викенд специјал“ вели пејачот и додава:
„Ергенска вечер е секој ден за некој кој има многу пријатели, но секако дека правев во Нов Сад, меѓу неколку пријатели“ вели пејачот.