Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански sвезди, но и пејач кој со својата појава и харизма ги полуде жените ширум светот. Пејачот е во хармоничен брак повеќе од 20 години и има две големи ќерки.
Меѓутоа, во 1997 година, Чолиќ ги шокираше сите со тоа што призна дека бил заведен од Анифрид Фрида Лингштад, една од пејачките на мегапопуларната група „АББА“ и во таа прилика ги раскажал сите детали од нивната блиц врска. Се’ се случило кога Чолиќ ја претставувал Југославија на Евровизија во 1973 година со песната „Гори ватра“, а Фрида истата година ќе му биде придружен вокал на на тогашниот шведски претставник. АББА се случува потоа. Тогаш дошло до споменатата средба што потоа прераснала во љубовно-еротска романса, поради што Чола за малку ќе задоцнел на евровизискиот настап.
„Се сретнав со Фрида од АББА на Евровизија. Потоа добив покана за викенд. Изгледаше ветувачки, но по тие три дена идила се почувствував искористен како инстант супа. Ќе ја зготвиш за пет минути, ќе изедеш додека е жешка и тоа е тоа.
А имаше се’ што треба: Брвнара, камин на дрва, свеќи и цвеќиња, карирани завеси и чаршафи, печената риба во фолија со бадеми и етерични масла … Но, онаа вистинската, единствена, луда страст што се случува помеѓу маж и жена, изостана. Немаше спонтаност, така што се изгледаше како да закажете договорен тренинг за двајца во теретана“ – раскажа своевремено Чола.
Фото: Инстаграм принтскрин/abba/zdravkocolicofficial/Profimedia