Пејачот Здравко Чолиќ ја одбил песната која подоцна ја отпеја Нина Бадриќ и стана голем хит.
Станува збор за песната „ Да се опет теби вратим“, која на прво слушање ги освои фановите ширум светот.
Песната ја напишала Александра Милутиновиќ и била наменета за Чола, но соработката не се случила.
Милутиновиќ сега откри што и порачал Здравко по повод оваа песна.
„Па, ова е хит. Оваа песна стана хит. Што се однесува до таа песна – „не е за кого е речено, туку за кого е печено“. Тоа е некоја изрека, но точна е“, изјави Александра.
Инаку, оваа песна ја отпеја Нина Бадриќ и е една од нејзните најпопуларни песни.