Радио Милева гастрономски фалбаџии

„Здравје внатре – здравје надвор“: Што јадеа познатите Македонци? (фото)

„Здравје внатре – здравје надвор“: Што јадеа познатите Македонци? (фото)

Се чини дека познатите дефинитивно се водат по тоа дека доколку не споделат на социјалните мрежи како да не било, но секогаш приказната има цел и причина.

А за да ја дознае остатокот од светот на кратките сториња и овој пат отворено ги споделија моментите кои им се случиле.

Имено, на социјалната мрежа Инстаграм познатите Македонци освен што го споделуваат она што го работат по професија или пак рекламираат некој одреден бренд, се почесто објавуваат и приватни моменти како на пример што јаделе, пиеле и слично.

Една од нив викендов беше и македонската поп пејачка и харфистка Сара Мејс. Таа сподели дека стратувала со исхрана која е сочинета од продукти полни со витамини  бидејќи освен што ја зголемила килажата е решена да го исчисти и лицето.

– 61 стартуваме денес, па ќе видиме како ќе оди. Целта ми е 57, зошто најздраво, лесно и лесно преносливо, (агилно) се чувствувам во таа тежина и мислам дека е моето вистинско место. Другата причина, е лицево што ми се исфрла малку повеќе во последно време. Па да пробам да се исчистам од внатре. Здравје внатре е здравје надвор нели  – напиша таа пред следбениците.

Пејачот Павле Камилоски пак, посетил ресторан во кој си нарачал храна.

Тој се одлучил за Сашими, а неговата сопруга, планинарката Ирина Дишовска снимила се и откри дека подоцна се покајал.

Што поради стапчињата, што поради самата храна која можеби не му направила задоволство. Како и да е таа сподели „стори“ на кое напиша:

-Кој го нарача, тој ќе си го јаде  – додека пејачот се обидуваше да се најаде без да му се случи незгода.

Сепак, се потрудил да изеде до крај  без никакви последици.

Македонската инфлуенсерка, Миа Костова, пак е позната како некој кој на свој начин ги топи килограмите.

Таа едноставно уживала во трпезата, со чаша вино и проверена храна која и причинува задоволство и во домашна атмосфера.

На некои не им се погоди, некои за да симнат килажа, а некои едноставно уживаа во трпезата, сепак  на овие приватни моменти познатите не можеа да им одолеат, а да не ги споделат со следбениците, па сите заедно да бидат среќни и насмеани.

Фото: printskrin/instagram

To top