ОД ПОДСЕКТОРСКАТА ПРОГРАМА НА ЕРАЗМУС+ КА202 ПАРТНЕРИ НА ОВОЈ ПРОЕКТ СЕ ШВЕДСКА И ЛИТВАНИЈА
Покрај секојдневните активности во Академија и Студио Леонтиќ, со своите долгогодишни клиенти и обуките кои ги врши на своите ученици и кандидати во приватниот центар за стручна обука „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“ –СКОПЈЕ Васка Леонтиќ, изминатите десет години исто така активно работи со Европските проекти како проџект менаџер и координатор преку програмите на Леонардо Да Винџи, а сега со програмите на Еразмус+ КА1,додека со проектите од секторската програма КА202 за прв пат раководи од 2017 и проектот ќе трае до 2019 година партнери на Приватно Средно Училиште’’Академија Леонтиќ’’се две земји членки од Европска унија Шведска и Литванија во проектoот ,,Здобивање знаење за европските стандарди за развој на козметички производи од органско потекло‘‘
Благодарение на долгогодишната соработка со НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ, Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+,проектите К1 и КА2нашите,кандидати и наставниот кадар имаат можност да ги посетат стручните училишта и лабаратории во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат.
На овој проект можат да учествуваат сите кои се залагаат за развојот на Приватното Средно Училиште,,Академија Леонтиќ’’ од Скопје, соработници,редовно вработени кадри, мајстор предаваџи, визитинг наставници,ментори,институции кои се од сродни дејности и институции од личните услуги за козметичари,фармацевти,технолози, козметичари, според напишаната апликација и огласот за избор на учесници што го истакна ПСУ.Академија Леонтиќ -Скопје.
По повод овој проект ,пред да се изберат заинтересираните номинирани кандидати се извршија и многу обуки,семинари,културолошки и педагошки подготовки од поширок состав на пријавени заинтересирани кандидати за учесници, парцијално како помагатели и ментори на интелектуалниот труд и учесници кои ќе бидат активни за време на траењето на целиот проект во изминатите две години како презентрери и обучувачи.
По пат на овие семинари и обуки кои ги организира ПЦСО и ПСУ.,,Академија Леонтиќ’’ се презентира работата и значењето на Европските проекти преку програмите на ЕРАЗМУС+ КА202 која е улогата на самите учесници,кои се нивните обврски и задолженија како учесници пред почеток на проектот,за време на траењето и по завршувањето на самиот проект,придисеминацијата и евалуацијата на проектот. Благодарение на овие семинари и информативни обуки,пријавените кандидати имаа прилика и време да размислат дали би можеле да одговорат на зададените задачи и ангажманот кој се очекува од нив како учесници.
Васка Леонтиќ како координатор ги повика сите докажани долгогодишни соработници,помагатели на Приватното Средно Училиште,,Академија Леонтиќ, потенцијални експерти,наставен кадар и колеги,ученици и кандидати кои имаат изучено во ПЦСО.АкадемијаЛеонтиќ и имаат долгогодишно искуство со работа во соспствени салони за убавина кои успешно работат и имаат потенцијал да бидат учесници на овој проект како презентери и обучувачи. Сите заинтересирани кандидати за овој проект, пред да потпишат договор за учество, беа лично информирани за обврските како учесник во овој проект.
Од кога се изврши селекција од номинираните кандидати, се одржаа неколку информативни состаноци,пред да се отпатува на работната обука во Вилниус, Литванија за ангажманот за време на обуката на овој проект и нивната одговорност,
Проектот според апликацијата има предвидено две работни средби за обука кои траат од пет работни дена, првата работна обука се одржа во период од 12.03 до 17.03.2018 година во Вилниус, Литванија, еден од партнерите е стручното училиште ,,Vilniauspaslauguverslodarbuotojuprofesiniorengimocentras’’
Кој беше и домаќин и организатор за време на целиот престој,на оваа работна обука. Присутни беа партнерите со пет учесници од Скопје,Маќедонија,тројца учесници од Малме,Шведска и петмина учесници од Вилниус,Литванија.
За време на оваа работна обука,се изучи процесот на изработка на парфеми,изработката на креми,како се користат етеричните масла и како се комбинираат меѓусебно и се што е поврзано со органските производи.
Првата обука се изврши во лабараторијата ,,KVAPU NAMAI”/ BIOCOS ACADEMY,каде се изучи значењето на етеричните масла,какво дејство има арамо терапијата како делува кај корисниците и каде се може да се примени во козметичката индустрија, а вооедно како можат да се применат и во домашни услови.
Втората работна обука беше во стручното училиште ,, VILNIUS TECHNOLOGIJŲ,VERSLO IR ZEMĘS ŲKIO MOKYKLA‘‘во лабараторијта за подготовка на креми и други козметички производи од органско потекло.
Поголемиот дел од билките кои се применуваат за подготовка на козметичките производи во училиштето,учениците и кандидатите со помош на наставниот кадар сами ги одгледуваат во склоп на училишната програма и простор кој е подготвен за нега на билките.
Третата работната средба беше организирана во домаќин училиштето,учесниците од Шведска и Литванија го презентираа подготвениот материјал за интелектуалниот труд,секоја земја по пат на презентација ги пренесе своите подготовки.
Четвртиот дел од работната средба беше,партнерите меѓусебно да се договорат кои теми од обуката ќе бидат применливи и обработени во прирачникот и подготвени до Втората работна обука која ќе се одржи во Скопје, Македонија.
Со проектот од подсекторската програма на ЕРАСМУС + КА202 е огромна можност и е од големо значење како за училиштето така и за самите ученици,кандидати и заработниот наставен кадар зашто им овозможува одржување чекор со сите новитети во козметичката,фризерската,масерската и шминкерската професија,учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, како и запознавање нови култури и зголемување на културната свест,различноста и прифаќањето на нови традиции,начини на протокол на работа,што придонесува за поттикнување на европскиот дух и припадност на европската заедница.
Кординатор на овој проект е мајстор-предавач Васка Леонтиќ кој со години настојува да ги привлекува партнерите од странство и да го пренесе своето долгогодишно искуство и да ја престави Македонија како добар домаќин,а не само наши наставници и соработници, ученици и кандидати да ги посетуваат странските училишта и институции туку овие мобилности да бидат обострано посетени и институциите и училиштата да продолжат во партнерски развој.
Придобивката од овие мобилности не е само во изучувањето на новитетите од стручната област,најмногу допринесува за развој на самото училиште и за развој на стручниот тим,наставниот кадар,а вооедно и за развој на кандидатите и учениците,да се навикнат на различен систем на работа.