По синоќешната монодрама „Женска утопија“ во изведба на Димитрина Мицкоска, вечер завршуваат традиционалните научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“.
Манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ја организира Општината. Почна на 1 август, на Гумење во Крушево, со настап на бендот „Љубојна“, а ќе заврши вечер, со спуштање на бајракот и настап на Дац & Александар пред споменикот Илинден.
На 4 август беше организирана Влашка вечер, а на 5 август се одржа џез-концерт.
Во текот на културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“ се одржа и „Кога си во Крушево“ со бројни гости и рекреативни настани.
Извор:Курир.мк