Радио Милева

Завршив со 20 конци на главата: Тамара со мотор влета во излог од книжарница!

Завршив со 20 конци на главата: Тамара со мотор влета во излог од книжарница!

Први јануари во Новата 2018 година за Тамара Тодевска почна со учеството во популарниот квиз „Се или нешто“ на гости кај Лила Филиповска.

Како и секоја година, таа и оваа во квизот учествуваат познати Македонци, а овој пат таа улога и припадна на Тамара која се натпреваруваше во име на здружението „Мобилност“, за освоените пари да ги донира во хуманитарни цели.

А кога Тамара и Лила се споија во битка со банкарот, тогаш и тој останува нем, па се јавува само на кратко, само да даде понуда без многу да коментира, зашто тешко се доаѓа на ред.

Како што кажа, Тамара е редовен гледач на квизот, па добро ги знаеше правилата, натпреварувачите, а згора на тоа си донесе и амајлија – ѓерданче со името на Хана. Емисијата беше од возбудлива повозбудлива, а како и сите учесници и Тамара раскажа неколку свои интересни приказни од нејзиниот живот, но една беше неочекувана и досега непозната.

Имено, пејачката откри дека пред многу години со мотор на свој пријател, влегла во излогот од една книжарница, па завршила со 20 конци на главата.

Сепак, освен неубавите, Тамара имаше да каже и останати случки, но пред се во фокус ја стави Хана, која пак од дома ја гледаше мама на телевизија.

Тамара дојде во „Се или нешто“ да освои пари, а заработи 11о илјади денари кои секако ги донираше во хуманитарни цели.

To top