Радио Милева

Заврши „кризниот состанок“ во кралското семејство, кралицата Елизабета ја даде првата изјава по повод одлуката на Меган и Хари

Заврши „кризниот состанок“ во кралското семејство, кралицата Елизабета ја даде првата изјава по повод одлуката на Меган и Хари

Меган Маркл и принцот Хари одлучија да се повлечат од кралските должности и да бидат финасиски независни.

Како што пренесуваа медиумите, кралицата Елизабета повикала „кризен состанок“ на кој се дискутирала одлуката на војводата и војвотката.

Бекингемската палата ја објави првата изјава на кралицата Елизабета по одлуката на Меган и Хари.

фото: гети

„Денес моето семејство имаше дискусија за иднината на мојот внук и неговото семејство.

Јас и моето семејство потполно ја поддржуваме нивната идеја за создавање на нов живот како младо семејство. Иако сакаме да останат со нас како членови на кралското семејство, ја почитуваме и разбираме нивната желба за самостојан живот, а притоа да останат како дел од семејството.

фото: афп

Хари и Меган јавно дадоа до знаење дека во нивниот нов живот се откажуваат од помошта на кралското семејство. Договорено е да има период кога ќе живеат и во Канда и во Велика Британија.

Ова се сложени прашања кои моето семејство треба да ги реши, а има уште многу работи кои треба да се завршат, но барав во текот на следните денови да донесат конечна одлука“ изјави кралицата Елизабета.

To top