Актерката за двата настани избрала да носи два фустани поради кои сите погледи биле насочени кон неа.
Ева Лонгорија заблескала на венчавката на Бруклин Бекам, синот на Дејвид Бекам и Викторија Бекам.
Таа избрала да носи два интересни фустани кои како и вообичаено ѝ прилегале совршено.
Таа носела фустан од колекцијата на кумата Викторија, па доколку ви се допаѓа за истиот треба да издвоите околу 1.300 евра.
Фустанот од половина до подот е дизајниран така што е затворен, но скроен е така што ги истакнува облините на секоја жена.
Serena Williams, Gordon Ramsay, Eva Longoria and more arrive at the rehearsal dinner of Nicola Peltz.
(via DailyMail) pic.twitter.com/ffNwRL7Ev3
— DFG (@dramaforthegirl) April 9, 2022
Горниот дел е „попредизвикувачки“, за што придонел прорезот во должина на клучните коски, а најинтересен детаљ се лентите кои го придржуваат фустанот.
Актерката ова модно парче го комбинирала со моќна шминка и едноставна фризура.
Во САД постои и еден обичај каде гостите доаѓаат на „пробна вечера“ пред свадбата на која Лонгорија исто така заблескала.
Serena Williams and Eva Longoria are probably such a good time at weddings. Here they are at a party for Brooklyn Beckham’s wedding and I just know they had fun. pic.twitter.com/6F55wadcCn
— Daniel (@DailyLibber) April 9, 2022
Тогаш таа носела сатенски фустан исто така од колекцијата на Викторија , а истиот чини до 1.900 евра.
Покрај таа комбинација носела и златни сандали и чанта, а шминката овојпат била драматична.
Која комбинација ви се допаѓа повеќе?