Радио Милева

„Зависници“ на социјалните мрежи: Еве која македонска пејачка има најмногу следбеници на Инстаграм

„Зависници“ на социјалните мрежи: Еве која македонска пејачка има најмногу следбеници на Инстаграм

Во последно време социјалните мрежи се повеќе имаат влијание врз секојдневието на луѓето. Преку нив се информираме за важни случувања, комуницираме, стекнуваме пријатели….

Кога станува збор за јавните личности, тие ги користат социјалните медиуми за промоција, ги информираат фановите, за фотографирање, објавување на некои новости…

Во последно време се повеќе актуелен е „Инстаграм“ кои што многумина го користат за самопромоција или во последно време како бизнис алатка.

Имено, некои македонски јавни личности кои имаат повеќе „followers“ на овој популарен медиум се инфлуенсери односно промовираат одредени брендови.

Во Македонија, „Инстаграм“ е дел од нашето секојдневие, а пејачките го користат за да објавуваат амтосфера од настапи, дел од секојдневните активности и приватниот живот, да пораговараат со фановите, да објават каде моментално се наоѓаат…

Кога станува збор за македонската естрада односно пејачките, Елена Ристеска може да се пофали со најмногу следбеници на оваа социјална мрежа. Односно популарната пејачка има околу  93 900.

На второ место се наоѓа Тијана Дапчевиќ со 77 900 следебеници.

На трето место е Каролина Гочева со околу 61 400.

Четвртото место го делат Тамара Тодевска и Викторија Лоба кои имаат околу 52 200 следбеници.

foto: printscreen

Петото место и припаѓа на Антониа Гиговска со околу 50 900 следбеници.

foto: printscreen

Нешто помалку „followers“ на оваа социјална мрежа имаат Симона Попоска (35 000), Калиопи Букле (25 000), Елена Велевска (19 700), Сузана Гавазова (18 000).

Како и да е, социјалните мрежи може да имаат позитивно влијание,  но може да имаат и негативно влијание.

 

To top