Радио Милева

Затворен ресторанот на Новак Ѓоковиќ во Монте Карло! (фото)

Затворен ресторанот на Новак Ѓоковиќ во Монте Карло! (фото)

Вегетаријанскиот ресторан што го водат Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена е затворен, а персоналот полека ги пакува последните кутии.

Бизнисот што го започнаа Новак и Јелена Ѓоковиќ пред неколку години во Монте Карло, ќе мора да почека некое подобро време. Имено, затворен е ресторанот кој бил погоден за вегетаријанци каде доаѓаа многу познати личности.

Во прилог на ова се фотографиите кои осамнаа на Инсатграм, кои јасно покажуваат дека ресторанот е затворен и работниците ја пакуваат опремата во кутии. Како што пишуваат странските медиуми, оваа вест ги растажи сите редовни клиенти на Ѓоковиќ, но и домаќините.

фото:инсатграм

– Новак и Јелена мораа да го затворат ресторанот бидејќи тој дел од градот се реновира и сите продавници и деловни објекти ќе треба да бидат преместени на одреден период. Двајцата инвестираа не само многу пари, туку и обид да се замисли и да се стави на нозе овој концепт. Кога им беше кажано дека ќе треба да го затворат ресторанот заради реконструкција, не им беше сеедно затоа што треба повторно да привлечат клиенти. Да не се лажеме, нивната егзистенција не зависи од ресторанот, но им се допадна овој вид на бизнис, особено на Јелена. Таа долго време го правеше концептот за ресторан кој ќе се заснова на целосно здрава храна, а што би им одговарало и на оние кои живеат и доаѓаат во овој град каде сè се поврзува со гламур – вели изворот, кој е свесен за новата состојба.

фото:инсатграм

Инаку, Новак и Јелена го отворија ресторанот во 2016 година и беа видно возбудени од тоа.

To top