Радио Милева Подновени

„Заслуживме“: Наташа Беквалац се почести себе си и ќерките – еден кревет чини 2500 евра (фото)

„Заслуживме“: Наташа Беквалац се почести себе си и ќерките – еден кревет чини 2500 евра (фото)

Пејачката Наташа Беквалац неодамна со ќерките се преселила во нов стан во Белград, кој целосно го реновирале, а сега покажа кои делови од мебелот сè уште им недостигале во домот.

Наташа очигледно не штедела, а како што самата изјавила, ќерките и себе си ги почестила со нови кревети и маси.

Пејачката напиша: „Го заслуживме“ и со своите следбеници сподели што се случувало.

– Решив да ги почестам девојките и себе си за 8 март… затоа што тоа го заслуживме – напиша Наташа. А на снимката јасно се гледаат мајсторите кои го донеле мебелот и го составувале додека им помагала помалата ќерка на Наташа.

Според Информер.рс, Наташа само за креветот на Хана дала 2.500 евра, а и купила неколку маси, француски кревет и комоди.

фото:Инстаграм/Наташа Беквалац

To top