Радио Милева

Зарем има поголема победа од ова? Тамара низ солзи и насмевка пееше за Нина – „Proud“ за едно големо срце!

Зарем има поголема победа од ова? Тамара низ солзи и насмевка пееше за Нина – „Proud“ за едно големо срце!

Тамара Тодевска со своето дело покажа дека е нашата победничка со која треба да бидеме горди!

Тодевска и приреди специјално изненадување на девојчето по име Нина, која ни е добро позната како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ во кампањата „See the ability not the disability“. Нина е родена со Даунов синдром, но е пример дека може и тоа како да биде горда на себе како најголема победничка!

Таа живее како сите свои врсници, има диплома од факултетот за македонски јазик и книжевност и работи во аптека.

Тамара специјално за Нина Костовска отиде во нејзиниот дом и ја изненади. Пееше за неа од целото свое срце и душа, а  напливот не емоции стигна и до сите оние што го гледаа видеото и не можеа, а да не заплачат.

фото:Принтскрин/јутјуб

Погледнете како изгледаше изненадувањето што ѝ го приредивме на Нина Костовска со песната Proud.
Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот. Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост.
Нина, се гордеам со тебе! – пишува Тамара во описот на видеото.

Моменти како овој треба да се случуваат почесто, секој може да направи промена во нечиј живот, да биде горд да помогне, да биде горд да предизвика насмевка кај некого, да се гордее ако даде прегратка некому, да се гордее со себе бидејќи малите нешта можат да го направат светот поубаво место за живот!

 

To top