Македонскиот водител, пејач, музичар и композитор Драган Вучиќ почина ноќеска на инфективната клиника во Скопје.
Вучиќ почина како последица од коронавирусот, а оваа вест ја потврди неговиот син Мартин Вучиќ.
Оваа тажна потресе многумина кои со неверување ја примија веста за смртта на македонската легенда.
Македонските јавни личности преку социјалните мрежи се простуваат од Вучиќ, а меѓу и нив Жаре Димитриоски.
Жаре од „Еден на еден“ на својот „Инстаграм“ објави видео посветено на водителот истакнувајќи дека ќе недостига и дека секогаш ќе биде запаметен.
„Глупав понеделик во една глупава година, посебно е глупав бидејќи чув дека Драган Вучиќ не е меѓу нас. Навистина тоа ме погоди бидејќи „Еден на еден“ и јас загубивме еден пријател со кој многу често комунициравме, се советувавме, се прашувавме и разменувавме идеи бидејќи бевме колеги во приватна, сопствена содржина, нешто во што тој беше пионер. Ми е драго што бевме пријатели“ вели Жаре во видеото и додава:
„Нека му лесна земја и да знае ќе биде запаметен и дека ќе недостасува на телевизија и на креирањето на телевизиски содржини“.