Познатиот пејач, скопски забавувач и екс-водител Жарко Богатинов, попознат како Жаре- Бербер е хоспитализиран во болница, објавија пред некој ден повеќе медиуми. Тој ја потврдил оваа вест преку порака и информирал дека не се работи за коронавирус, туку за физичка телесна повреда, со потешки последици меѓу кои и неколку скршени ребра.
„Корона не е. Од рендгенот знам дека 2-3 ребра се скршени, за друго ќе видиме. Да се опоравам, за неколку денови ќе ви ги раскажам деталите“ – рекол Жаре-Бербер кој и покај повредите се наоѓа надвор од животна опасност. И тука застана приказната со информациите… Сите објавија, никој не кажа ниту напиша од што настрадал пејачот!?
Редакцијата на Вистина.ком.мк прва ја дозна причинита, па ексклузивно ја објавуваме и вистината.
Како што самиот пејач напишал на својот Фејсбук неодамна, Жаре – Бербер настрадал од „лош вкус“ или поточно, штитејќи се од „невкус“!
„Дваесет минути пред да започне изолацијата на видот, многу лошо облечена девојка (такво нешто не сте виделе, мислиш целиот шифоњер од дома го имаше натискано на неа)… И мислам дека едново окото малку ми го оштети, така што од денес ќе започнам да го применувам новиот начин на заштита од невкус, а тоа е: Штитење од вирус по моделот на Бојко. Ако ништо друго, барем едното око ќе го спасам“ – напиша неодамна Жаре – бербер на својот Фејсбук профил, демонстрирајќи на фотографија како планира тоа да го стори.
Применувајќи го приложеното, за да си го одржи зброт и заштити себе си, ем од коронавирус, ем од невкус, му се случи нов циркуз… Несреќа, која е за Рипли, за рубриката: „Верувале или не“?
Шегата на страна, го исконтактиравме пејачот кој ни ја откри несреќната случка што му се случила, а му се случува на еден во милион. Не, не е сообраќајка, ниту некаква физичка пресметка како што почна да се шпекулираше во кулоарите, туку нешто што само кај нас може да ти се случи: Да паднеш во дупка! Или поточно во отворен, незаштитен и непокриен, длабок бетонски канал!
А токму Жаре – Бербер тоа го доживеал приквечерината, кога веќе почнало да се стемнува, како страсен риболовец, одејќи по риба во струшко, крај едно село, покрај еден маркет…
„Каналот отворен и длабок, како оној за автомобили, притоа незаштитен, а времето на стемнување… Мало невнимание, ногата во празно и… Се најдов во бетонскиот канал! Пад со тешки последици… неколку скршени ребра, набиеници и модринки по целото тело со голем хематом од 40 сантиметри кај слезината и уште еден на градите, голем колку тениско топче“ – раскажува повредениот пејач кој сега полека заздравува, иако како што вели, опоравувањето оди споро.
Како и да е, шпекулациите за сообраќајка или тепачка се јавно демантирани, иако повредите за жал, се тие… Но, Жаре-Бербер е познат како силно момче, градско дете со цврст карактер и силна волја, па затоа не се сомневаме дека брзо ќе оздраве… Впрочем, кафеаните, кафулињата, клубовите… веќе ги отворија. Угостителските објекти чекаат на „кралот на ноќните свирки“… да се врати што побрзо!