Познатиот македонски кафеански забавувач и едно време ТВ водител, популарниот Жаре – Бербер изнервиран од неукоста на народот, реши да ги едуцира корисниците на Фејсбук. Очигледно него најмногу го иритирале нечии „допаѓања“ на „жална вест“!
Затоа Жаре седнал па не го мрзело да „скоцка“ едукативен текст за правилна употреба на најпосетуваната социјална мрежа во вонредни ситуации… како што е смртен случај на некој што го познаваш или во семејството на близок пријател.
„ВНИМАНИЕ!!!…… Дај да се договориме као луѓе……..Значи некој коа ќе објави вест дека некој близок му починал немој да стискате “ЛАЈК” ……..Лајк или во превод (ми се допаѓа) не се стиска ако на некој твој близок пријател, роднина, другар му починал некој драг (освен ако тој што “умрел” не сте можеле до толку да го смислите па ви се “ДОПАЃА “ што отишол)………Пишете: Бог да го прости, нека му е лесна земја, нека почива во мир итн………
П.С На еден мој другар у старо маало кога умре баба му, една комшика рече кога дојде дома на сочувство “Ајде далеко било од вас – Бог да ја прости!…..А овој комшијата мој цел збунет и рече на жената : Фала, да ви се врати!
На цела мука малце хумор не е на одмет. Ве поздравувам и ви посакувам многу здравје!“ – напишал Жаре во „Упатството“ за изразување сочувство на Фејсбук!
И не дека не во право… Напротив! Жаре – Бербер им одржа лекција на неуките фејсбукџии… Сам против сите… Им „отпеа“ без музика… Акапела за тоа кога се стиска, а кога не Лајк… на живо и мртво! А капела?
Не, берберот не пеел во капела…Скраја да е! Капела е едно, акапела е нешто сосема друго! Ова како со лајкот… Чисто за споредба, за малку доедукација и… за добро здравје и од нас!